Анкета: Германците ги менуваат своите навики – помалку месо, повеќе готвење дома

Огромно мнозинство (82 проценти од испитаниците) обрнуваат големо внимание на фактот дека производите што ги купуваат доаѓаат од регионот во кој живеат. 

Германските граѓани јадат се помалку месо, а навиките за јадење се смениле за време на корона-кризата, така што сега се повеќе граѓани подготвуваат храна дома, беше објавено денеска во Берлин за време на презентација на владини извештаи за исхрана.

„Само 26 отсто од граѓаните се изјасниле дека консумираат месо и месни производи на ден. Во 2015 година, тој процент беше значително повисок – 34отсто”, се наведува во анкетата спроведена за редовниот извештај на Владата  „Извештај за исхрана”. Резултатите од анкетата беа претставени денеска во Берлин спроведена од Институтот Форса.

Министерката за земјоделство Јулија Клокнер за време на презентацијата на извештајот истакна дека свеста за локалните прехранбени производи се зголемила за време на пандемијата.

Прочитајте и...  Весели: Битката за Косово во Хаг ќе биде триумфална

– Се создаде нова свест за прехранбените производи и луѓето кои се сигурни дека храната стигнува до потрошувачите, рече Клокнер.

За време на пандемијата, се зголемил и процентот на оние кои подготвуваат храна дома. Триесет проценти од испитаниците рекле дека сега повеќе готват дома, а 20 проценти од испитаниците рекле дека сега подготвуваат храна со свежи состојки. Како резултат на тоа, се намалила побарувачката за готови оброци.

Огромно мнозинство (82 проценти од испитаниците) обрнуваат големо внимание на фактот дека производите што ги купуваат доаѓаат од регионот во кој живеат.

Прочитај повеќе

Прекината прес-конференцијата на гувернерот на Флорида – Го обвинија за фалсификување на бројот на случаи со коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија ќе се „запише“ на Оксфорд за вакцинација?

Мими Шушлеска Петкова

Ангеловски: МВР е подготвено за успешно спроведување на изборите

Слободен печат

Деркоски: Апсолутни невистини се информациите за броење на гласовите од вчерашното гласање

Слободен печат

ОН: Уште 130 милиони луѓе би можеле да гладуваат заради пандемијата

Слободен печат

Чан Сантоки избран за претседател на Суринам

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јуроп тудеј: Оздравените од коронавирус патат од замор, отежнато дишење и болка во мускулите

Слободен печат

Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите

Слободен печат

Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

Слободен печат

Македонија утре избира власт

Соња Христовска Угриновска

Болсонаро: Доколку бидам негативен на денешниот тест, се враќам на работа

Слободен печат

Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра

Слободен печат