Анкета: Фајзер и Спутник В најпреферирани вакцини, 57,7 проценти од граѓаните би се имунизирале

Скопје, 5 април 2021 - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Фајзер и Спутник-В се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Македонија. Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.

На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник-В, 21,6 за Фајзер, 13,8 за која било, 6,2 за Астра Зенека, 4,4 проценти за Синофарм и 3,1 за Модерна. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале.

Од испитаниците 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Македонија слично се справува како другите држави.

Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава. Според ИПИС, во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје било земено како посебна целина заради своите посебности.

Од ИПИС напоменуваат дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3  проценти, а поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот