Анкета: Една петтина од Србите би прифатиле извинување од НАТО поради бомбардирањето

НАТО / Фото: МИА

Десет отсто граѓани на Србија го поддржуваат членството на државата во НАТО, додека 79 проценти се против тоа, а 11 проценти се уште не се решени, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за европски прашања „Од бомбардирање до соработка: Србија и НАТО 22 години подоцна”.

Една петтина од анкетираните би прифатиле извинување за нападот, два проценти помалку отколку во претходното истражување. Според истражувањето мнозинството Срби веруваат дека нема да има корист од членство во Алијансата.

Испитаниците ги обвинуват САД за бомбардирањето, Западот и Слободан Милошевиќ и се уште не знаат колку луѓе биле убиени тогаш.

Испитаниците го оценија односот на Србија и НАТО со оценка под просекот – 2,25.

Кога станува збор за причините за бомбардирањето во НАТО, повеќето граѓани ги посочија американските воени интереси, проследени со американски и западни интереси и политички причини, создавање на независно Косово, политиките и стратешките и геополитичките цели на Слободан Милошевиќ.

Според анкетата, мнозинството од испитаниците сметаат дека повеќе од 2.000 луѓе загинале како резултат на бомбардирањето на НАТО, а третина – повеќе од 5.000.

Според Институтот, 3,2 проценти од испитаниците навеле дека биле убиени 754 лица, додека една-петтина изјавиле дека не знаат.

Кога станува збор за поддршка на соработката меѓу Србија и НАТО, 59 проценти од испитаниците се против, додека 28 отсто се за, што е за четири проценти помалку од претходно, а 13 проценти се неодлучни.

Најголем процент на противење на помирувањето има во групата млади луѓе кои не биле ниту родени или имале најмногу седум години за време на бомбардирањето.

Анкетата е спроведена од 9 до 3 март при што се испитани 1.202 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот