Анкета: Џо Бајден ја губи поддршката од Американците

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Последните сондирања на јавното мнение во САД покажуваат дека имиџот на американскиот претседател Џо Бајден претрпува значителни последици поради кризите што избија во последните недели, пренесува агенцијата Анадолија.

Резултатите од анкетата, спроведена од Асошиетед прес (АП) и истражувачкиот центар НОРЦ, покажаа дека поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, додека во јули изнесуваше 59 проценти.

Поддршката за Бајден меѓу поддржувачите на неговата Демократска партија од јули опадна од 92 на 85 проценти, а кај оние кои не се одлучуваат за каква било политичка опција, падот е од 62 на 38 проценти.

Во март годинава, анкетите покажуваа дека 60 проценти од Американците го поддржуваат лидерството на Бајден во американската економија, а во септември тој процент на поддршка се намали на 47 проценти.

АП тврди дека резултатите од анкетата се ехо на американското повлекување од Авганистан, американскиот третман на мигрантите од Хаити на јужната граница, ширењето на новиот бран на делта сојот на коронавирусот и договорањата на Бајден да добие одобрување од Конгресот за неговите економски , инфраструктурни и даночни политики.

Учесниците во анкетата, кои изјавија дека се колебаат во перформансот на претседателот Бајден, сепак му дадоа предност пред неговиот претходник Доналд Трамп, бидејќи токму од него тој ја презеде веќе почнатата борба против пандемијата и веќе одобреното повлекување на армијата од Авганистан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот