Анкета: Дури 50 отсто од Германците ќе останат дома ова лето

Фото: Архива

Анкетата е спроведена по барање на германската АРД телевизија, во која 19 отсто од испитаниците планираат да заминат во некоја странска земја.

Половина граѓани на Германија оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, годишните летни одмори ќе ги поминат дома и не планираат никакви патувања, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено од Институтот Инфратест димап.

Анкетата е спроведена по барање на германската АРД телевизија, во која 19 отсто од испитаниците планираат да заминат во некоја странска земја, а само три отсто планираат одмор надвор од Европа.

Според испитувањето, 15 проценти Германци се уште не се сигурни каде ќе го поминат одморот оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот