Анкета: Бугарските граѓани повеќе сакаат нова влада номинирана од сите други партии против ГЕРБ отколку нови избори

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Галуп Интернешнл Балкан спроведе анкета што покажува дека Бугарите повеќе сакаат нова влада номинирана од сите други партии во Националното собрание против ГЕРБ отколку да има нови избори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските граѓани речиси не веруваат дека може да се формира нова влада. Според анкетата, Слави Трифонов и неговата партија „Има таков народ” треба да формираат влада со сите партии во новиот бугарски парламент против ГЕРБ.

Оваа можност е одобрена од 54,5%, додека 40,4% се против, 56,2% се за формирање на нова бугарска влада, дури и со компромиси, а 37,4% сакаат нови избори.

Но, ако има предвремени парламентарни избори во Бугарија, тие нема да ги променат резултатите од 4 април. Популарноста на Слави Трифонов ќе продолжи да расте, а поддршката за ГЕРБ ќе биде мобилизирана.

Според истражувањето, доколку се одржат предвремени избори во Бугарија, 27,2% најверојатно би гласале за ГЕРБ, а „Има таков народ” на Слави Трифонов – 23,2%, БСП – 13,8%, Движењето за права и слободи 10,4%, Демократска Бугарија – 12% , и „исправи се, Мафијата надвор” на Маја Манолова ќе биде близу до изборната бариера за 4,3%, но во следниот парламент ќе има вкупно 7 или 8 партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот