Анкета: Американците поддржуват ограничувања за лицата кои одбиваат да примат вакцина против ковид-19

Фото: EPA-EFE/TONI ALBIR

Се поголем број на Американци сакаат да бидат вакцинирани и поддржуваат воведување на разни ограничувања за луѓето кои се противат да примат вакцина против ковид-19, покажува најновата анкета на „Ипсос” и агенцијата Ројтерс, пренесува дописникот на МИА од Вашингтон.

Според резултатите на анкетата во која учествувале 1.005 лица, а спроведена е во понеделникот и вторник оваа недела, 54 отсто од испитаниците изјавиле дека се „многу заинтересирани” за вакцинација. Во јануари, тој број на заинтересирани изнесувал 41 отсто, а лани во мај само 38 отсто. Од друга страна, 27 проценти од Американците изјавиле дека не се заинтересирани за вакцинација, и тој резултат останува неизменет од лани во мај.

Анкетата укажува дека мнозинство Американци би сакале ограничени контакти со луѓето кои не се вакцинирани. Седумдесет и два отсто од испитаните изјавиле дека им е важно да знаат „вакцинирани ли се луѓето околу мене”. Шеесет и два отсто се согласуваат дека луѓето кои не се вакцинирани не треба да им се дозволи да патуваат во авиони, додека 55 отсто рекле дека на невакцинираните не треба да им се дозволи да посетуваат јавни простори како спортски сали, кино сали или концерти.

Шеесет процени од Американците сакаат нивните работодавачи да побараат од вработените, пред да се вратат на работа во канцеларија, да се вакцинираат против коронавирус, 56 отсто сметаат дека вработените кои не се вакцинирани треба да работат од дома.

По овие прашања има партиска поделеност. Според анкетата, републиканците помалку, а демократите повеќе, поддржуваат ограничувачки мерки за луѓето кои не се вакцинирани. Сепак, 40 отсто републиканци поддржуваат забрани за посети на спортски и кино сали, а 50 отсто се согласни да има забрана за летање на невакцинирани.

Според агенцијата, околу 18 отсто од возрасните Американци досега добиле најмалку една доза вакцина. Претседателот Џо Бајден синоќа во обраќање до нацијата порача неговата Администрација да стори се што е можно секој возрасен Американец да има право да се вакцинира до 1 мај оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот