Анкета: Американците очекуваат да имаат жена претседател до 2030 година

Американската потпретседателка Камала Харис / Фото: EPA-EFE

Повеќе од 90 отсто од Американците сметаат дека САД до 2030 година би можеле да имаат жена претседател, покажуваат денеска објавените резултати од испитувањето на јавното мислење спроведено од „Галуп“.

Резултатите се објавени во момент кога потпретседателката на САД, Камала Харис се повеќе се смета како фаворит за претседателска номинација на Демократската партија во 2024 година.

Анкетата на „Галуп“ спроведена во 74 земји покажала дека Американците најверојатно ќе се изјаснат дека жена би можела да ја води нивната држава до 2030 година.

Повеќето испитаници во само три земји Мавританија, Белорусија и Шри Ланка изјавиле дека не очекуваат жена на претседателската функција во годините кои доаѓаат, покажало испитувањето спроведено од 2019 до 2020 година, чии резултати се објавени на Меѓународниот ден на жената.

Жени се наоѓаат на претседателската позиција во само 22 земји во светот, а 119 никогаш нема да ја имаат, покажуваат податоците на ОН, а жените држат малку повеќе од една четвртина од пратеничките места во парламентите низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот