АНКЕТА: Албанците се против укинување на царините за српските производи, а Србите се за - Слободен печат

АНКЕТА: Албанците се против укинување на царините за српските производи, а Србите се за

Деветтата анкета за јавно мислење Став на граѓаните за потенцијални теми за конечен договор меѓу Србија и Косово, спроведена од Косовскиот демократски институт, укажува на разлики меѓу граѓаните од различни етнички заедници во однос на елементите што треба да ги содржи договорот.

Анкетирани се ставови за царините на производи од Србија и БиХ, за корекција на границите, за заедницата на општините со српско мнозинство и на елементите што треба да ги содржи конечниот договор меѓу Србија и Косово.

Според истражувањето, мнозинството граѓани, 59 проценти, веруваат дека следната влада не треба да ги укине царините за да се отвори патот за дијалог со Србија.

Според етничката припадност, 61 отсто од анкетираните од албанската заедница го делат тој став, 56 отсто од другите немнозински заедници и само 10 отсто од српската заедница.

Околу 45 проценти рекле дека знаат што значи терминот „корекција на границите”, 31 процент рекле дека донекаде им е јасно, а 20 проценти рекле дека не разбираат што значи.

Според етничката припадност, тој израз е јасен за 47 отсто од албанската заедница, 20 отсто од српската заедница и 23 отсто од другите немнозински заедници.

За 39 проценти од граѓаните е јасно што значи терминот „Заедница на општините со српско мнозинство со извршни овластувања”, 29 проценти рекле дека не им е јасно, а 27 проценти рекле дека донекаде знаат што значи терминот.

Според етничката припадност, тој израз е најјасен за албанските граѓани – 41 процент, а потоа следат Србите – 26 проценти и 17 проценти за другите немнозински заедници.

Според истражувањето, некои од најважните елементи на договорот меѓу Косово и Србија се исчезнати лица – 71 процент, казни за воени злосторства – 60 проценти, компензација за воена штета – 59 проценти и извинување – 56 проценти.

Истражувањето беше спроведено на ниво на земја, на репрезентативен примерок од 1070 испитаници по етничка припадност – Албанци, Срби и малцинства кои не се од српска заедница. Истражувањето е спроведено во периодот 2-8 септември 2019 година

Прочитај повеќе

Ивановска: Детектирани се слабите точки и „финтите“ како се злоупотребува дискреционото право

Слободен печат

Дескоска очекува поддршка од сите пратеници за Законот за ЈО

Слободен печат

Прв ден судење за отповикувањето на Трамп- борба за сведоци и доверливи документи

Слободен печат

Др. Дудучки: Голем број млади Кумановци страдаат од пострауматски стресни раствојства настанати во војни

Слободен печат

Трамп „зависен“ од Твитер, во еден ден напиша 142 твита

Слободен печат

Продолжува судењето за „Рекет”

Слободен печат

Остави Коментар

1 + 8 =

Прочитај повеќе

Пратениците ќе расправаат за Законот за заштита од вознемирување на работно место

Слободен печат

Сончево со температура до 11 степени

Слободен печат

Во операција на Интерпол на Балканот спасени десетици жртви на трговија со луѓе

Слободен печат

На еден студент просечно по една банана месечно

Мирослава Бурнс

Испукан солзавец и водени топови: Насилни протести во Цирих против форумот во Давос

Слободен печат

Три лица загинаа откако во Австралија се урна авион за гаснење пожари

Слободен печат