Анкара најави руски поморски маневри во Медитеранот

Фото: trtworld.com

Анкара, во услови на зголемени тензии меѓу Турција и Грција околу правото на експлоатација на морски наоѓалишта на јаглеводородни горива, најави дека руската морнарица ќе одржи борбени маневри во источниот Медитеран.

Во официјалното соопштение се наведува дека руските поморски сили ќе одржат маневри во периодот од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во деловите на источен Медитеран каде се движат турски истражувачки бродови.

Официјална Москва досега не ја коментираше турската најава што следеше откако САД соопштија дека делумно ќе го укинат 33 годишното ембарго за извоз на оружје на етнички поделениот Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот