Анкара и Москва одлучни за прочистување на терористичките закани во Сирија

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Елиминирање на терористичките закани во Сирија, зајакнување на билатералните односи, испораката на системот С-400 и нуклеарната централа „Аккују“ беа главните теми на заедничката прес-конференцијата на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин, односно Реџеп Таип Ердоган.

По нивната средба заедно со голем број министри и високи претставници од двете земји во рамки на осмиот состанок на „Високиот совет за соработка меѓу Турција и Русија“, Ердоган истакна дека Анкара и Москва се одлучни за елиминација на терористичките закани во Сирија.

„Спречивме голема човечка катастрофа во Идлиб. На нашата средба особено внимание дадовме на важноста на зачуваувањето на стабилноста и мирот во Идлиб“, изјави турскиот претседател кој нагласи дека дека Идлиб мора целосно да биде исчистен од тероризмот за да можат луѓето безбедно да се вратат во своите домови.

Додека рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи ја важноста на соработката во Сирија, истакна дека Турција, Русија и Иран, во рамки на моделот на Астана, ќе продолжат и понатаму да соработуваат.

Путин исто така нагласи дека Турција и Русија вложуваат поголеми напори за воспоставување на поголема стабилност во трговската соработката меќу двете земји. „На нашата средба разговаравме и за користење на нашите национални валути во исплаќањето. Вклучувајќи ја и трговската соработка со националните валути, правиме сè за да ја добиеме економската независност заедно со Турција“, изјави претседателот на Руската Федерација.

Тој исто така изрази задоволство за успешната соработка со Турција во областа на безбедноста, економијата и туризмот и укажувајќи на испораката на одбранбениот систем С-400 рече дека Турција и Русија ќе зголемат соработката во вооружувањето и вети дека изградбата на нуклеарната централа „Аккују“ ќе биде завршена до 2023 година.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот