Анкара би можела да почне нова операција во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе почне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку областа не се „исчисти ” од терористи.

Тој рече дека САД и Русија не го направиле тоа што е потребно според договорот со кој се прекина турската операција во Сирија минатиот месец.

Според договорот, курдските сили требаше да бидат си заминат од североисточна Сирија, која граничи со Турција.

– Ако не добиеме резултат, ќе го направиме она што е неопходно- рече Чавушоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот