Анита Гибсон: Читајте ги состојките на козметичките препарати, многу од нив се канцерогени!

Со Анита Гибсон, нашинка која повеќе од 30 години живее и работи во Лондон, зборуваме на актуелните теми за здрав и младешки изглед и како да го постигнеме. Гибсон е авторка на бестелер книгата „Неверојатни вистини и вистински лаги за канцерот“ (книгата е достапна во продажба во книжарите „Литература.мк“ во Скопје), професионално се занимава со психоанализа со хипноза или Терапија на Рапидна Трансформација (RТТ). Позната е по нејзините „неуро фидбек“ терапии за лекување на депресија, анксиозност и потешкотии во учењето. Соработник е на „Canceractive“ и „Yes to Life“ – двете најголеми британски хуманитарни организации во борба против канцерот.

Посветеноста на борбата против канцерот за Анита Гибсон не дошла случајно. Во 2015 година, ѝ била воспоставена дијагноза на рак на дојка, само три години подоцна откако на нејзината ќерка, Ребека, исто така, ѝ бил дијагностициран рак на лимфните жлезди. Денес, и двете се во одлична здравствена состојба, во ремисија. Ригорозно практикуваат детоксикации, здрава исхрана и природни суплементи за зајакнување на имунитетот.

Зошто некои лица изгледаат помладо, а некои постаро за своите години? Дали последниот збор, сепак, го има генетиката?

– Ова е „прашање од милион долари“. Точниот одговор на ова прашање би вредел баснословна сума за козметичката индустрија, како и за фармацевската. Кога би биле само гени во прашање, верувам дека би се патентирале медицински и козметички препарати како би се надминале гените, по хемски пат. Како што и сè друго се пробудава да се надмине по хемиски пат, додека природата е таа кадешто одговорите се кријат. Науката е на самиот почеток на откривање колку се заслужни гените во процесот на стареење. Во 2016., на институтот во Ротердам, поврзале еден ген кој е одговорен за нашиот младешки изглед, и обратно, или поточно со која брзина старееме. Значи, сите старееме, но со различна брзина. Убедена сум дека како и здравјето, така и изгледот, се должи на епигенетиката, или млада наука за начин на живот и дека надворешните фактори влијаат врз гените, а не обратно, како што досега медицината тврдеше. Зборот „епи“ значи над. Над гените, буквален превод за епигенетика.

Прочитајте и...  Кога крадецот ќе крикне - „држ’те го крадецот“!

Според Вашето преживеано искуство, што е тоа што нè предизвикува да старееме брзо и предвреме?

– Во времето „пред канцерот“, обично своето постоење го делам на пред и после моето заболување од канцер – воспоставена дијагноза во 2015.- бев „здрава“ со нездрави навики. Споредувајќи ги фотографиите од тоа време и сега, три ипол години подоцна во ремисија, можам да ви кажам дека сега кожата ми е посвежа. Долги години живеевме во Катар кадешто квалитетот на воздухот е очаен, со преработка на гас и нафта, воздухот во регионот е загаден со алуминиумски честици, олово и тн. Дневна редовна доза на никотин ми беше од 20 цигари. Базените ни беа дел од животниот стандард, во кои „кисневме“ со часови, кои се филтрираат со хлор кој се апсорбира во организмот преку порите на кожата. Храната, поточно, овошјето и зеленчукот што го конзумиравме во Катар беше повеќете увезено и со самото тоа осиромашено од нутриенти, прскано со пестициди, хербициди или доаѓаше од загадени подрачја. Истото важи и за месото, и за морската риба полна со жива. На сè ова да се додаде стресот, физичката неактивност, неквалитетен или недоволен сон, хемикалии и токсини со кои сме опкружени преку хигиенски, козметички и медицински препарати – сè води кон тоа да старееме брзо и предвреме.

Како да се изгледа помладо со домашна нега, со намирници „од фрижидерот“?

-Пред сè, со детоксикација. Знам дека сме презаситени од овој термин – детокс, но не можам доволно да нагласам дека е еден и единствен метод во борбата за здравје и убавина, како и во процесот против стареење. Сè друго е привремен „фикс“, трошење време, пари и уште поголемо оптоварување на организмот со токсини. Има различни начини на детокс. Првиот чекор е преземање на комплетно нетоксичен начин на живеење. Прочистете го фрижидерот, кујната, бањата, пералната, од сите токсични производи и заменете ги со природни. Преземете ги сите потребни мерки, избегнување на парфеми, алуминиум хлорид, бензоил пероксид, триклосан, резорцинол. Или ако не се може без парфем, нанесете го со прскање над главата – во воздухот, за да падне врз вас, по косата, по облеката, но не директно на кожата. Многу е важно да ги прочитате состојките на козметичките препарати, антиперспирантите, кремите, сапуните, шминката, бојата за коса, кармините, лаковите за нокти, – сите тие може да се купат и природни односно органски. Многу од овие состојки се канцерогени и треба да се избегнуваат колку е можно, што е уште еден огромен фактор за применување на редовен детокс. Наместо козметички препарати користам арган масло, масло од авокадо, кокос, зелен чај, за раце, за коса, за лице, за тело. Дополнително, секојдневно конзумирам јатки од бадеми и ореви, лук, ѓумбир, затоа што едно е да ги нанесеш на кожа, а друго е да ги конзумираш. И двата метода имаат свои предности.

Прочитајте и...  Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Мојата тајна која им ја кажувам на сите е клистир со кафе. Според институтот Герсон, нивната примарна цел е отстранување на токсините наталожени во црниот дроб и отстранување на слободните радикали во крвотокот. Добро е познато дека зрната кафе природно содржат антиоксиданси и благотворени соединенија како кафестол палмитат, кахвеол, теобромин и секако, кофеин, кои позитивно делуваат на нивото на воспаленост и во рамките на дигестивниот систем. А, најважно да се спомене, е дека клистирот со кафе прави стимулирање и лачење на благотворниот ензим глутатион С трансфераза, кој е познат како најефикасен антиоксидант, прочистувач на крв од бактерии и паразити, и на крај, ефисасен е против стареење. Клистирите со кафе – средно печено зрно, робуста, органско – го применувам пет-шест пати неделно. Ми дава енергија, ми делува на расположението и ме прочистува, сè во едно.

Кои дополнителни суплементи, витамини и минерали, ни се неопходни?

-Витамин Ц серум со 15 отсто концентрација е највисоката концентрација што може да се добие во Ц серум. Ова е моќен антиоксидант, кој не само што ја заштитува кожата, туку воедно го стимулира колагенот. Многу треба да се внимава витамин Ц серумот да не оксидира, добивајќи пожолта боја, кога е неупотреблив и не смее да се користи. Би го издвоила и резвератролот како суплемент кој го користам неизменично со витамин Ц серумот, кој е пак, многу силен антиоксидант и кој се наоѓа во кората на црвеното грозје. Оттаму доаѓа и верувањето дека една чаша црвено вино секој ден – подмладува, и е дел од енигмата наречена француски парадокс. Имено, и покрај конзумирање на сирење, процесирани месни продукти и салами, Французите имаат релативно мал процент на срцеви заболувања, во споредба со другите европски земји. Се верува дека за тоа е одговорен резвератролот во црвеното вино.
Уште една „тајна“ за антиејџинг е употреба на медицинска hyaluronique киселина, која се користи типично на изгоретини и рани, а која е најефтината и најконцентрирана форма на hyaluronique acid, која, помешана со обична, природна хидратантна крема, дава одлични резултати.

Прочитајте и...  Доколку му го правите ова на средството за дезинфекција, тоа станува неефикасно и залудно го користите!

За која Македонка може да кажете дека има негувано лице?

-Долго размислував како да одговорам на ова прашање. Има многу жени кои добро изгледаат, професионално нашминкани, стајлинг, фризура, презентација, личност итн. На пример, Билјана Дебарлиева, Јована Стојменовиќ, Татјана Стојановска…, од овие кои се поблиски до моите години. Кога ќе ги видиш на малите екрани изгледаат беспрекорно, нели? Но, прашањето дали имаат негувано лице, за ова да го одговорам морам да сум имала прилика да ги запознаам лично, и без шминка. Некои жени доживуваат комплетна трансформација нашминкани, од изгледот „симнуваат“ по 10 години. На други пак, шминката не им оди во прилог или ако шминката не е адекватна и нанесена коректно, тогаш пак, имаме впечаток дека се постари од своите години. Потоа, имаме луѓе кои се фотогенични пред камера, со посебни светлосни ефекти ги доживуваме сосема различно од тоа како изгледаат во природа.

Прочитај повеќе

Беше прогласена за најубаво девојче во светот, а денес изгледа навистина неверојатно (ФОТО)

Слободен печат

Неразбрана од општеството, била среќна кога нашла луѓе подеднакво несреќни како неа, од 29 години велела дека е вдовица, а се смета за најталентирана глумица на сите времиња

Слободен печат

Валентина Сампаио е првиот трансродов модел во угледниот „Sports Illustrated“ (ФОТО)

Слободен печат

Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово

Мирослава Бурнс

Неверојатна сцена пред Собранието во Белград: Девојки се разголиле и направиле хаос во фонтаната (ВИДЕО)

Слободен печат

Првиот возач на автомобил во светот била жена, возела 106 километри со брзина до 40 км на час

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Имунологот Јанковиќ: Ова не го очекувавме во Србија, ова е борба за опстанок

Слободен печат

Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

Слободен печат

Овој домашен спреј против комарци неверојатно делува, а се прави само од две состојки

Слободен печат

„Ролинг Стоунс“ најавија реиздание на албумот од 1973-та, пристигнуваат и три досега необјавени песни

Слободен печат

Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Билките и фенг шуи: Некои ни носат среќа, други богатство, трети љубов…

Слободен печат