Анистон во нејзин стил им ги затвори устите на ЗАГРИЖЕНИТЕ за деталот на нејзината фотографија (ВИДЕО)

Profimedia
Profimedia

Веројатно на корисниците на Инстаграм многу им е интересно што Џенифер Анистон конечно реши да си направи профил на оваа друштвена мрежа, па затоа деновиве таа е постојано во центарот на вниманието.

По дискусиите на друштвените мрежи околу деталот на нејзината фотографија со колегите од „Пријатели“, Џенифер реши да им одговори во нејзин стил.

Објави видео на кое се гледа како го крши мобилниот телефон, а во описот напиша:

„Се колнам, не сакав да го скршам. Ви благодарам на топлото добредојде.“

Нејзините следбеници се воодушевија од гестот и од досетливоста на глумицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот