Анистон и Витерспун: Порано најдобри пријателки, а сега не се поднесуваат

Profimedia

Иако некогаш најдобрите пријателки Џенифер Анистон и Рис Витерспун неодамна се сретнаа за да ја снимат новата серија The Morning Show, сепак сметаат дека тоа било грешка.

„Тоа што работеа заедно им дојде прилично тешко“, тврди извор близок на ѕвездите. „Се пријавија мислејќи дека тоа е работа од соништата, бидејќи секогаш одлично се согласуваа уште додека соработуваа на ситкомот „Пријатели“, но вистината е дека се премногу различни.“

Според неговите зборови двете жени сакаат да бидат главни и да одлучуваат за сè, а тоа направило голем проблем на снимањето на серијата.

Дополнителен проблем створила наводната љубомора која Џенифер ја чувствува кон Рис, бидејќи, како што тврди, таа има три деца на кои им е максимално посветена, а Џенифер го поминува слободното време вежбајќи јога.

„Сите забележаа дека веќе не се согласуваат толку добро и дека не поминуваат време заедно после работа како што правеа порано. Мислам дека двете се обидуваат да ги стиснат забите и да излезат од проектот без бламирање, но на нивното пријателство дефинитивно му дојде крај“, додава изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот