„Анима мунди“ го повика Шилегов да не ги брои нив, туку убиените кучиња

Активистина на „Анима Мунди“ му реагираат на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, дека повеќе од половина година се гради стационарор „Вардариште“, најавено како ново јавно претпријатие „Лајка“. Негодуваат дека немаат комуникација со неговиот кабинет.

– Реалноста ги демантираше сите ветувања на Шилегов и сите наши надежи кои се темелеа врз неговото писмено и јавно обврзување за хумано, ефикасно и трајно решавање на сериозниот комунален проблем, прекубројноста на бездомните животни. Жалиме што повторно мора да се обраќаме вака јавно, затоа што поинаква комуникација и не е можна со градоначалникот Шилегов и неговиот кабинет, администрација која дефинитивно заборавила што значи и која е улогата на граѓанскиот сектор. А до вчера беа пикнати по невладини. Градоначалнику Петре Шилегов, на наши реакции – укажувања/аргументи/предлог итни мерки и барања не одговoривте ниту еднаш, но во телевизиска изјава гледаме навлегувате во големината (бројноста), јачината и моќта на Анима Мунди: „Не се веќе „Анима Мунди“ ни толку моќни ни толку големи колку што ги зборуваме, ама тоа е друга тема“, се наведува во соопштението на „Анима Мунди“.

За оваа порака активистите на „Анима Мунди“ на Шилегов му порачуваат:

– Место да не броите нас, градоначалнику Шилегов, ви препорачуваме да се позанимавате со една проста математичка операција за која сте платен со народни пари. Секоја една нестерилизрана единка во просек раѓа некаде 16 до 20 кутриња годишно (2 парења). Да претпоставиме дека половина од родените се исто женки (8 до 10 женки) – веќе од само едно женско куче и потомството создадено во една година имаме 120 до 200 млади, репродуктивно способни единки на улица. Од сто нестерилизирани женки, градот во една година продуцира нови 12.000 до 20.000 единки на улица. Вашето немање интерес, знаење, концепт, сенс продуцира најмалку 6.000 нови кучиња во Град Скопје за само половина година. Ова е математиката која би го интересирала и уплашила секој одговорен градоначалник, но тоа не сте вие. Петре Шилегов – без доверба кај граѓаните, политичарите се само трговци, ама лоши. Не ги испочитувавте ветувањата дадени на граѓаните, кои ве гласаа. Барањата добиени од Анима Мунди, врз основ на кои ветувавте и ги полневте вашите политички памфлети. Немате сенс за важноста на оваа проблематика ниту пак елементарна политичка свест и ширина да ги инволвирате и послушате оние кои знаат и имаат искуство, му порачуваат активисти на „Анима Мунди“ на скопскиот градоначалник Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот