„Анима Мунди“ до Мерко: Ова не е племенски сојуз, туку држава

Фото: Фејбсук

Сведочиме на јавно охрабрување за убивање кучиња. И тоа не се изјави за некој обичен граѓанин туку првиот човек на Струга, кој очигледно залутал во дејност чија одговорност не ја разбира, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ на вчерашната изјава од градоначалникот Рамиз Мерко, кој истакна дека е сосема „оправдано и нормално“ да се убиваат кучињата-скитници, додавајќи дека во селските општини полнеле цели тракторски приколки со убиени улични кучиња.

Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по сѐ што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга, се вели во реакцијата.

Побараа итна казна за говор на омраза и поттик за насилство.

Посочуваме и дека во изјавата Рамиз Мерко кажува како жител од село Мислешево убил и натоварил цел трактор со мртви кучиња, бараме институциите, обвинителелството веднаш да постапи по овој случај на кој Мерко е очигледно сведок и да биде повикан на распит. Воедно легитимно е да се праша дали градоначалникот на Струга ги поттикнал или ангажирал оние кои во јануари стрелаа бездомни кучиња по градот, загрозувајќи ја безбедноста на сите, а притоа никој да не одговара до ден денес. Одговорност мора да има ако целиме кон правичност и правда, а не кон девијација на и она малку нормално што остана од/во нашава држава, додаваат од Здружението.

ВИДЕО | Ако може да колеме јагниња и телиња, само кучињата ли ќе ги чуваме? – прашува Мерко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот