Аникорупциска го предупреди Џафери: Заев не може да биде премиер и министер, се очекува Заев да го повлече предлогот

Фото: Слободен печат

Антикорупциската комисија преку допис до претседателот на Собранието, Талат Џафери, регира дека премиерот Зоран Заев не може истовремено да биде и министер за финансии, од причина што на тој начин би дошло до судир на интереси, според Законот за спречување на корупција, во кој јасно се вели дека функциите премиер и министер се неспоиви.

Неофицијално, се очекува премиерот да го повлече предлогот да биде и министер за финансии.

За нови членови на Владата, според предлогот на премиерот, треба да бидат избрани: Зоран Заев кој ќе го води министерството за финансии, Трајан Димковски за прв човек на земјоделство, Горан Милевскиза министер за локална самоуправа, Хусни Исмаили за министер за култура, Насер Нуредини за министер за животна средина и старо-новиот министер Дураки, кој останува во Владата, но сега ќе го води новото министерство за политички систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот