Анѓушев во Вашингтон се стретна со претставници од политичкиот и економскиот живот (ВИДЕО)

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, изминатите два дена учествуваше на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии – нови перспективи“ која се одржува во Вашингтон ДЦ, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини.

Вицепремиерот Анѓушев, заедно со грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес, учествуваа на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран“, каде дискутираа за тековните проекти и идните предизвици во енергетскот сектор.

Во рамките на Конференцијата вицепремиерот оствари средби со државниот секретар за трговија во Стејт Департментот, Вилбур Луис Рос, како и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан и заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер,  како и со поранешниот амбасадор во Северна Македонија и сегашен помошник секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер со кои разговараше за  актуелните политички состојби во земјата како и за економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

По завршувањето на Конференцијата, Вицепремиерот оствари работни состаноци со потпретседателот на групацијата Светска Банка задолжен за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, Џорџина Бејкер, со кои разговараше за тековните и идни проекти во Северна Македонија со поддршка на овие две организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот