Анѓушев тврди дека како вицепремиер работи законски

фото: МИА

Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржуам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и граѓаните согласно законските прописи, реагира вицепремиерот Кочо Анѓушев по денешната одлука на Антикорупциската комисија премиерот Зоран Заев да отвори постапка за утврдување одговорност за носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум-јонски батерии.

Анѓушев не знае, како што наведува, зошто Антикорупциска поднела таква иницијатива, но ќе се произнесе по одлуката откако ќе ја добие во писмена форма.

-Постапувајки по предметите иницирани пред ДКСК ги доставивме сите побарани податоци и документи со цел да им овозможиме да ја утврдат материјалната вистина. Во конкретниот случај за намалување на царинските стапки за литиум-јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. Не ги знам причините поради кои Антикорупциската комисија ја донела одлуката. Откако ќе ја добијам на писмено, ќе можам да дадам коментар. Убеден сум во законитоста и исправноста на моето работење и ќе ги преземам сите неопходни дејствија пред надлежните органи за да се докаже вистината, бидејки не сум го прекршил закските прописи изјави наведува Анѓушев.

Во реакцијата дополнува и дека Владата во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на седница.

-Секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси, уредно сум се пријавил и сум поднел изјава согласно законот – рече вицепремиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот