Анѓушев: Со новите мерки сакаме да станеме партнер на компаниите во зголемувањето на платите

Со новите мерки за економски развој, промовирани од премиерот Зоран Заев, сакаме Владата да стане партнер на компаниите во зголемувањето на платите. Секој совесен стопанственик, а познавам многу такви, сакаат да ги задржат своите вработени и да ги мотивираат со повисоки плати, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Сите компании кои ќе покачат плата на вработените во износ од 600 до 6.000 денари, ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Во државниот буџет се планирани околу 40 милиони евра за оваа мерка, што значи доколку се реализира целиот износ, а знаеме дека придонесите изнесуваат 37,7 отсто од бруто платата, вработените ќе добијат на име на плата дополнителни 100 милиони евра. Ќе се радуваме тие 100 милиони евра да завршат кај граѓаните, тие средства повторно би ги потрошиле за некои добра или услуги, а државата би добила повеќе средства на име на ДДВ, поради зголемен промет. Истовремено, овие 40 милион евра кои се планирани, нема да завршат на некои непознато место, ќе завршат во фондот за здравство и во фондот за социјалцно осигурување, што значи дека ќе имаме малку подобро здравство и подобри пензии – изјави Анѓушев, одговорајќи на новинарски прашање по потпишувањето на договорите со општините за капитални инвестиции, се креирани под притисок на реалните економски случувања во земјата.

Од оваа нова мерка, дополни, се очекуваат повеќе позитивни ефекти, не само раст на просечната плата, туку и поголема мотивираност и квалитет на живот на работниците, повисоки приходи во Фондот за здравство и Фондот за социјално осигурување, намалување на сивата економија, како и зголемување на потрошувачката од граѓаните, што значи дополнителен прилив на средства во државниот Буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот