Анѓушев: Платите растат како резултат на растот на економијата

Кочо Анѓушев/ Фото: МИА

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска истакна дека растот на економијата е резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека тоа сето тоа делува и на природен раст на платите.

– Државниот завод за статистика денес објави дека бруто просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани пораснала за 5,5 отсто, додека просечната нето плата е зголемена за 4,3 отсто, а просечната нето плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без раст на индустријата – нагласи Анѓушев одговарајќи на новинарски прашање денеска на официјализирање на компанијата „Либерти Скопје”.

– Се радувам што растот на бруто домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина – истакна Анѓушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот