Анѓушев однапред договорил само еден мандат со Заев

Кочо Анѓушев/ Фото: МИА

Во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, синоќа рече дека со Владата однапред се договорил да работи само еден мандат, а потоа да продолжи како стопанственик.

Тој наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на Влада што креира политики, а не на предизборна Влада.

– Најпрво да кажам дека некои од компаниите каде што имам удели имаат пад од 50 отсто во профитот. Како прво тие не учествуваат на тендери и не добиваат државна помош, потоа други деловни партнери не сакаат да соработуваат затоа што се плашат бидејќи јас сум владин функционер и на крај, јас отсуствувам и не сум таму за да ги креирам економските политики, рече Анѓушев во своето телевизиско гостување.

Анѓушев му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната шанса да биде вицепремиер за економски прашања на предлог од стопанските комори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот