Анѓушев: Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години

Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години, како и во третиот и четвртиот квартал да продолжи растот што почна во претходни квартали, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Патот кон просперитет” на Самитот за Западен Балкан што денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист”.

Тој нагласи дека во 2018 година во земјава имаше 700 милиони долари директни странски инвестиции или повеќе од 6,5 проценти од брутодомашниот производ.

– Ако во октомври се слушнат добри информации верувам дека странските директни инвестиции ќе бидат уште поголеми отколку во 2018 година кога имаше рекордно ниво на вакви инвестиции во досегашната историја на земјата – рече Анѓушев.

Прочитајте и...  „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ТРГНА ОД СКОПЈЕ ДО СОЛУН: Какви мерки се преземаат на границата со Грција поради коронавирусот?

Нагласи дека во моментов се преговара со компании од развиениот технолошки свет за инвестиции во земјава и додаде дека ако се помине добро е можно да се привлечат над 100 милиони евра нови инвестиции.

Посочи дека земјава станува атрактивна за странски директни инвестиции и е поконкурентна на ова поле во споредба со останатите земји од Западен Балкан.

Според Анѓушев, клучно е во наредниот период да се смени образовниот систем во земјава кој треба да продуцира кадри што ќе бидат употребливи за стопанството и додаде дека клучно за земјава ќе биде да се зголеми соработката на странските инвеститори со домашните компании. Како добар пример за успешна странска инвестиција ја истакна „Герешајнер” која во моментов ги завршува градежните активности на нивниот објект за производство на амбалажа за фармацевтската индустрија и веќе објави оглас за вработување на лица со почетна плата од 700 евра, а за инженерите и над илјада евра.

Прочитајте и...  НАТО на вонредни консултации по барање на Турција поради ситуацијата во Сирија

Прочитај повеќе

ДРАМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Виничанец сомнителен на коронавирус побегнал низ прозорец, полицијата го чува во домашен карантин

МИА Агенција

Загина уште еден турски војник, а двајца се ранети на северозападот на Сирија

Слободен печат

Виена: Тинејџер 30 пати со нож ја прободел поранешната девојка, лекарите се борат за нејзиниот живот

Слободен печат

Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

Слободен печат

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите

Слободен печат

Заев му подари на Мицкоски значка со НАТО, Мицкоски нему празен „Луј Витон“ паричник

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката

Слободен печат

Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Слободен печат

Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Слободен печат

Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Слободен печат

Судир на автобус и воз во Пакистан, најмалку 14 загинати

МИА Агенција

Падна хеликоптер во Русија, се верува дека има загинати

Слободен печат