Анѓушев најави затворање на некои од факултетите

„Образовниот систем не одговара на реалните потреби на економијата. Загрижувачки е тоа што во државава 90% млади одат на факултет, а во исто време немаме квалификувани работници, како заварувачи, шофери и слично“, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашната Топ Тема на Телма.

Вицепремиерот Анѓушев на прашањето што со лиценците, одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

– Она што го направи оваа влада – не издаваме нови лиценци на нови факултети, туку како ќе им истекуваат лиценците така ќе престанат да постојат, рече Анѓушев.

– Доколку ситуацијата беше поинаква 18.000 квалификувани работници би се вработиле денеска – рече вице премиерот во вечерашната Топ Тема на Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот