Анѓушев: „Мал шенген” не е алтернатива за нашето членство во ЕУ

фото: МИА

Нема алтернатива за зачленувањето во Европската Унија. Ниедна регионална или локална иницијатива, па ни „мал шенген” не може да биде замена на тоа што ние го имаме како таргет, а тоа е Северна Македонија да стане членка на ЕУ, посочи денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Тука нема алтернатива. Секоја иницијатива која што може да биде локална, а е за да ја подобри регионалната соработка, ние ќе ја поддржиме, но мислам дека има сосема доволно простор во рамките на постојните иницијативи. Треба да се види што тој „мал шенген” подразбира иако е убаво кога ќе го кажеме популистички, но сепак треба да бидеме претпазливи, бидејќи ниедна локална и регионална иницијатива не смее да биде препознаена како замена на нашето членство во ЕУ, рече Анѓушев во одговор на прашање при посетата на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин” каде беше пуштена во употреба фотоволтаична електрана во училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот