Анѓушев ги прими поранешните вработени во Охис

фото: Слободен печат

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, денеска оствари средба со поранешните вработени од Охис кои штрајкуваа пред Владата незадоволни од спроведената стечајна постапка.

На состанокот е констатирана фактичката состојба : стечајната постапка на Охис е завршена  и спроведена од судските и стечајните органи, во процес во којшто Владата немала ингеренции и не се мешала.

Информираме дека Владата е во комуникација со поранешните вработени и ги разгледува можностите во рамките на сопствените ингеренции и законските можности за изнаоѓање на решение за барањата на лицата кои штрајкуваат.

Потенцираме дека Владата не се меша, ниту ќе се меша во судски одлуки, а по обвинувањата од вработените дека постојат сомнежи дека во минатото се правеле злоупотреби на службената должност и се оштетувал имотот на Охис, а со тоа и имотот на државата, сите евентуални злоупотреби и сомнежи треба да бидат пријават и споделат со државните органи кои спроведуваат истражни постапки.

За потсетување, Владата го донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, преку кој се обезбедуваат околу 7.800 денари или 34% од просечната плата на месечно ниво за лица кои имаат остварено преку 15 години стаж во некоја компанија која била во државна сопственост, право кое го користат околу 8.000 лица, меѓу нив и поранешни вработени во Охис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот