Анѓушев: Фактите за генералната економска политика не може да се негираат

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува од Европската комисија да добиеме исклучително позитивен извештај во делот на економијата, со максимално добри оценки во генералната економска политика, иако, како што вели, има простор каде треба да се делува и да се надминат слабостите.

– Не постои држава во која за економијата може да се каже 100 проценти добро. Можеме да зборуваме за генерална атмосфера и политика, која очекувам да биде максимално добро оценета, и нормално да зборуваме за слабости кои ги има во секоја држава и во нашата веројатно повеќе отколку во државите на Европската унија за што и сакаме да бидеме членка. Очекувам да има подобрувања во делот на инспекциите, сивата економија каде што има сериозен  простор да се напредува. Има простор каде што треба да се делува, но во делот на генералната економска политика и економскиот раст, како и енергетската политика, никој не може овие факти да ги негира, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Анѓушев, во јавноста се создава непотребна и неоснована перцепција и тензија, но има факти што никој не може да ги заобиколи и негира.

– БДП кога оваа Влада ја презеде функцијата беше – 1,8 проценти, а во последниот квартал лани беше 3,7 проценти, што е  5,5 проценти апсолутна разлика. Факт е и дека во 2018 година има 624,25 милиони евра имаше директни странски инвестиции, што никој  не може да го негира, како и дека индустриското производство лани порасна седум  проценти, а само првиот квартал годинава над осум, дека се вработија над 26.000 лица и дека  нето платата порасна над седум проценти. Никој не може да ја негира тековната изградба на над 25 фабрики во Технолошко индустриските равзојни зони и надвор од нив. Тоа е факт што со ниту една негативна пи ар кампања не може да се побие освен некој да се обиде да прави  негативни перцепции и вознемирувања на народот, наведе Анѓушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот