Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра, минималната плата мора да расте

Кочо Анѓушев/ Фото: МИА

Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во „Топ тема” на телевизија „Телма”.

-Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решени и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семејство не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории, изјави Анѓушев.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, минималната плата е на ниско ниво, а во време кога се спроведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд

-Мора да се направи анализа по сектори и да се види каде може да има зголемување. Сите сакаат да ја зголемат, но мора многу фактори да се земат предвид при утврдување на вредноста на минималната плата, истакна Арсовска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот