Анѓушев: Доколку не се преземат итни мерки прашање е дали државата воопшто ќе има пари во буџетот за да исплати плати

Економијата сега треба да ја одржиме жива, па после кризата да ја лекуваме, смета довчерашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

Поранешниот вицепремиерот за економија во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев во гостување за ТВ 21 истакна дека од 3,7 милијарди евра, како што е проектиран годинашниов буџет, од корона кризата, на државата ќе и фалат дури 2 милијарди евра . Тој вели дека излезот од ваквата состојба е што побрзо државата како и сите држави во светот,да земат кредити.

Економијата сега треба да ја одржиме жива, па после кризата да ја лекуваме, смета довчерашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

Прашан што мисли за мерките што ги предложи лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред се околу мерката сите во администрацијата да земаат плата од 14.500 денари во април и мај, Анѓушев рече дека ги следи реакциите околу овој предлог и смета дека не се коментира за клучното прашање, а тоа е, не дали да земаат по 14.500 туку дали државата воопшто ќе има пари во буџетот за да им исплати плати доколку не преземат итни мерки.

-Исто како и пациентите, ние прво треба да ги одржиме живи, а нема да останат значи неповредени, ќе бидат секако повредени… И економијата ќе биде повредена, но да може после тоа да закрепне и да се лекува, бидејќи ако компаниите умрат, да речеме фигуративно, после тоа нема никаков лек на таква состојба – рече Анѓушев за ТВ 21.

Тој истакна дека од 3,7 милијарди евра, колку што е проектиран годинешниов буџет, на државата ќе и фалат дури 2 милијарди евра, кои, според него, мора да се обезбедат од задолжување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот