Анѓушев, Царовска и Адеми на работна посета во Швајцарија

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми престојуваат во работна посета на Швајцарија каде се запознаваат со швајцарските искуства за стручно образование и обука.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, за време на работната посета во Берн, што се реализира на покана на Владата на Швајцарија, тие ќе се сретнат со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражувања и иновации и со заменик државниот секретар за надворешни работи Кристина Марти Ланг.

Владината делегација ќе има можности да се запознае со швајцарскиот модел на учење преку работа за време на презентации кои ќе бидат извршени од стручни лица во Државниот секретаријат за истражувања и иновации во образованието, Швајцарската конференција на кантонски министри за образование и Швајцарското здружение на машински и електротехнички индустрии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот