Англиските премиерлигаши контра УЕФА

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Асоцијацијата на европски клубови со која претседава првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, планира во соработка со УЕФА да предложи промени во форматот на натпреварување во Лигата на шампионите  но таа идеја веднаш наиде на сериозен отпор, од англиските екипи.

Ањели планира да предложи од сезоната 2024/25 година,  32. екипи наместо во сегашните осум групи, да бидат поделени во четири групи со по осум екипи, а натпреварите би се играле за време на викендите наместо како досега во вторник и среда.

На оваа идеја, асоцијацијата на англиски екипи веднаш се спротивстави и најави дека ќе сторат се што е во нивна можност за да спречи да се реализира оваа идеја.

„Сите клубови едногласно донесоа одлука дека не е прифатливо европската фудбалска организација да донесе решение за календарот во домашните натпревари. Работиме на заштита на Премиерлигата. Фудбалот во Англија е важен дел од културата и секојдневниот живот. Милиони навивачи ги следат натпреварите во Англија и ривалството меѓу екипите се пренесува низ генерациите“ стои во соопштението од асоцијацијата на премиерлигашите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот