Англиски седмолигаш не се шегува: Го сака Халанд на позајмица

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Седмолигашот во Англија Ештон Јунајтед го привлече вниманието со својата последна објава во која го побара Ерлинг Халанд.

Овој тим кој се натпреварува во аматерските лиги во Англија испратил официјална понуда до Манчестер Сити за позајмица на Норвежанецот Ерлинг Халанд. Ештон Јунајтед сака да го позајми Халанд на 28 дена, односно додека трае паузата за Светското првенство во најсилните првенства.

Интересно е што не се работи само за шега и обична објава на социјалните мрежи. Инфромацијата дека понудата навистина била доставена до „Етихад“ ја потврдија многу реномирани медиуми. Секако, мали се шансите Сити да дозволи Халанд да игра за друг клуб, па дури и ако се работи за аматерски фудбал во седма лига.

Како и да е Ештон Јунајтед барем на „пет минути“ се здоби со огромна популарност во фудбалскиот светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот