Англиски репрезентативец мортус пијан на плажа

Англискиот репрезентативец Деле Али колабира на плажа за време на неговиот одмор на грчкиот остров Миконос. Тој по напорната сезона, заедно со девојката Руби Меј замина на популарниот грчки остров, Миконос, но одморот нема да го памети по добро.

Тој одлучил покрај базенот да се релаксира со алкохол иако минатата вечер го славеше 25. роденден на својата девојка. Токму алкохолот и топлото време го онесвестија Деле Али, но девојката мислеше дека тој заспал. Откако околу 20 часот приметила дека тој се онесвестил, го повикала хотелското обезбедување на помош за да го однесат фудбалерот во хотелот.

Деле Али и Руби Меј одлучија да заминат на романтичен одмор по повод роденденот на манекенката, откако минатиот месец ја обновија врската.

View this post on Instagram

Toasty

A post shared by Jordan McCabe (@jordanmccabe_x) on

 

 

Испадите поради пијанство не се непознаница за англискиот репрезентативец, тој минатата година во пијана состојба се спречка со хотелското обезбедување по победата на Англија над Хрватска од 2:1 во Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот