Англиски репрезентативец кој играл на Мундијалот во Катар обвинет за три силувања

Еден од најпознатите британски таблоиди „Сан“ објави дека премиерлигашки фудбалер и репрезентативец на Англија бил приведен на полициско испитување поради обвиненија за три силувања.
Идентитетот на фудбалерот не е откриен, но се наведува дека бил дел од репрезентацијата на Англија која учествуваше на Светското првенство во Катар. Обвинувањата кон фудбалерот се за настани кои наводно се случиле од средината на 2021 до средината на 2022 година. Полицијата имала сомневање и претходно, но го уапсила кога пристигнало и третото обвинување.
Ова е најнов скандал во Англија со cилување откако претходно Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвиненијата, а подолг период со исти обвинувања за дури осум случаи се соочуваше Бенџамин Менди.
Клубот на фудбалерот кој исто така не се открива, не го суспендирал иако бил информиран и му дозволил нормално да игра и тренира.