Англиски професор предупредува: Еве како се заразиле шест проценти од инфицираните со ковид-19

ГТЦ Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бројни студии кои се направени од почетокот на вирусната пандемија ковид-19 покашаа дека заразата се пренесува во затворени простори. Но, најновите истражувања докажуваат дека од сите случаи дури шест проценти од пациентите ја добиле кроната на отворено.

Тоа се случило најмногу на спортски настани и концерти, објави денес Хина.

Во студија на која работеле британски, германски и американски научници од реномирани универзитети и која сè уште не е рецензирана, анализирани се а 25.000 случаи.

Од нив околу шест проценти се поврзани со инфекција пренесена на отворен простор, како што се спортски настани или концерти.

Специфично е дека иако луѓето биле на отворено, за време на настаните физичкото растојание не се почитувало или луѓето престојувале се движеле наоколу зборувајќи гласно или пеејќи.

Не идентификувавме скоро никакви случаи што би биле поврзани со секојдневниот живот на отворено“, изјави авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери во Кент.

Тој појасни дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку во затворен простор.

„Ризикот е помал затоа што вирусот е разреден во атмосферата, нешто слично се случува како кај чадот од цигари“ – заклучува експертот.

Стив Илеге, генетичар и експерт за вируси на Харвард, рече дека „сè уште не е познато колку аеросол е неопходен за инфекцијата, но колку е посилен, толку е поголема можноста од инфекција“.

Хина додава дека излегува дека времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор.

Теоретски, можно е лицето да се зарази на отворено.

„Нема докази дека вирусот корона се пренесува во ситуација кога луѓето се разминуваат на отворено. Кога поминуваме покрај луѓето, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал, а маската не може да наштети – заклучи група експерти.“

Во студија од Кина, од 7.300 луѓе, само едно лице се заразило на отворено за време на разговор со човек кој дошол од Вухан, објави „Њујорк Тајм“.

Колкава е шансата да се заразиме со ковид на отворено? Еве што велат експертите за носењето маски надвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот