Англиски новинар бара казна за Англичаните: Гневен на навивањето во Косово

twitter/TheStadiumBusiness

За време на натпреварот помеѓу Косово и Англија беше забележано дека навивачите на двете репрезентации заедно пееја навредливи песни за Србија. Англискиот новинар Сем Стрит, објави видео на кое се гледа како англиските навивачи пееја „Србија е разбиена како и да се појави“, а исто така пееја „Србите се копилиња“.


„Снимени се, и тоа на стадион. Претпоставувам дека УЕФА ќе ги натера Англичаните првиот натпревар од ЕВРО 2020 на „Вембли“ да го играат зад затворени врати или расизам ќе се нарекува само тоа што ќе го направат навивачите во Источна Европа“, напиша Стрит на својот Инстаграм профил.

Новинарот исто така објави дека голманот на Косово, Аријанет Муриќ ги обвини навивачите на Чешка дека во минатонеделниот натпревар го навредувале, но нема докази за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот