Англиски клуб го објасни ширењето на коронавирусот низ фудбалска тактика (ВИДЕО)

EPA/ADAM CIERESZKO

Целата екипа со оваа демонстрација на легендарната „тика-така“ испрати порака колку е значајно да се остане дома.

Англискиот фудбалски второлигаш Вест Бромвич Албион (ВБА) објави интересна споредба во пренесувањето на коронавирусот со тимска акција на своите играчи.

Целата екипа со оваа демонстрација на легендарната „тика-така“ испрати порака колку е значајно да се остане дома со цел да се спречи ширењето на опасната зараза.

– Во просек, едно лице 10 пати го пренесува коронавирусот. Еве што се случува доколку тоа се случи 10 пати – објави англискиот клуб, додавајќи видео од нивната тимска акција во која успеале да направат десет успешни додавања, па тоа го претворува во број од 59.049 заразени лица.

Да додадеме уште дека ВБА до прекинот на сезоната во Чемпионшип се наоѓаше на второто место со 70 бодови, еден помалку зад водечкиот Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Овие две екипи засега се на добар пат до учество наредната сезона во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот