Англиски фудбалер жонглираше со тоалетна хартија, па го скрши лустерот! (ВИДЕО)

принтскрин/инстаграм

Предизвикот со жонглирање на тоалетна хартија стана вистински хит меѓу фудбалерите кои се во домашна изолација поради епидемијата на коронавирусот.

Пандемијата на коронавирусот одложи многу спортски настани ширум Европа и светот, се разниша секојдневниот живот, а тоа се однесува и на спортистите кои според препораките се наоѓаат во своите домови.

Особено фудбалерите најдоа начин како да го поминат времето во изолација, а вирален хит стана жинглирањето на тоалетна хартија.

Играчи, сегашни и поранешни како Рамос, Чави, Тоти, Цеск Фабрегас, и др., ги објавуваат своите видео записи и ги предизвикуваат своите пријатели.

На ред дојде и Реган Чарлс-Кук кој настапува за англискиот нисколигаш Гилингем.

Овој 23-годишен фудбалер одговори на предизвикот, но на едно негово видео беше неуспешен. Жонглираше со тоалетна хартија, но на крајот го скрши лустерот во својата соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот