Англиската полиција го вклучи алармот: Албанците нè шпионираат од Фејсбук

Бота Сот

Англискиот весник „Телеграф“ објави статија под наслов „Албанските криминални банди кои го користат Фејсбук за борба против имиграциските напади и шверцување на илегални имигранти во Велика Британија“, во кое се раскажува како Албанците си помагаат едни на други против законот.

Според весникот во Велика Британија има страница на Фејсбук, која ја менаџираат Албанците и се користи за давање на известувања така што Албанците да не бидат фатени дури и кога ќе го прекршат законот.

Оваа страница ја менаџира Фари Леши, кој е осуден за грабеж на банка и влегол илегално во Велика Британија. Весникот наведува дека албанските криминалци го користат Фејсбук за да се спротивстават на имиграциските напади, за да шверцуваат илегални имигранти во Велика Британија, да склучат лажни бракови и измама за докази за државјанство на англиски јазик.

Фејсбук не успеа да преземе какви било активности против страницата, наречена „Албанците во Лондон“, која брои 123.000 следбеници и каде се објавени јавно криминалните шеми. Таа се менаџира од осудениот разбојник на албанската банка Фари Леши, кој нелегално влегол во Велика Британија, откако му заврши шестгодишната затворска казна во Италија.

Во предупредувањето објавено на 20 јули се вели:

„Здраво Албанци, јас имам апел за сите вас кои немате правни документи во Велика Британија. Бидете претпазливи на станицата ‘Turnpike Lane’, полна е со полиција”.

Страницата исто така делува како центар каде Албанците можат да контактираат со шверцерите кои бараат до 15,000 фунти по човек за да донесат нелегални имигранти во Велика Британија, преку Ирска, најевтината и најлесната рута за влез, пренесува Бота Сот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот