Англиската полиција поради хаосот пред „Вембли“ сакала да го откаже финалето на ЕП?!

EPA-EFE/JOSHUA BRATT

Насилството на англиските навивачи околу стадионот Вембли“ во пресрет на финалниот натпревар на Европското првенство не престанува ја шокира англиската јавност.

Главното прашање кое овие денови англиската полиција и надлежните служби се обидуваат да го одговорат е како се случи околу 7.000 англиски навивачи без влезници да успеат да влезат на стадионот. Според висок член во лондонската Метрополитен полиција, изјави дека во еден момент постоела можност финалето дури да биде откажано.

– Орди на англиските навивачи влетаа на стадионот без билети, а сето тоа беше испратено сонасилство на и надвор од стадионот како и со јавно конзумирање на опојни средства – порачаа од Метрополитен полицијата.

Истрага освен полицијата отворија и Фудбалската федерација на Англија (ФА) и УЕФА. Истрагата на ФА е со цел да ги идентификува хулиганите и да им забрани доаѓање на натпреварите на англискаа репрезентација, додека УЕФА се очекува да изрече ригорозна казна за ФА поради големите пропусти.

Навивачите кои присуствуваа на финалето на ЕП на „Вембли“ тврдат дека полицијата далеку пожестоко реагира кога станува збор за натпревари во Премиер лигата, а сега на Евро 2020 била многу потолерантна.
– Во текот на денот полицајците се уверија во срамното однесување и во центарот на Лондон и на „Вембли“ каде голема група насилно ги помина безбеносните кордони. Кога наредниците препознаа дека тоа може да доведе навивачите без билети да се обидат да влезат на стадионот, брзо реагираа и возвратија. Поради тоа не ја прифаќам тезата дека полициската операција пропадна. Без нивна интервенција, ќе моравме да го откажеме финалето – тврди извор од Метрополитен полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот