Англија завиена во црно: Почина легендарниот стопер, освојувач на СП

EPA/LINDSEY PARNABY

Англија утринава ја погоди веста дека легендарниот фудбалер на Англија и на Лидс, Џек Чарлтон почина на 86-годишна визраст.

Во 86. година од својот живот почина поранешниот англиски фудбалер, Џек Чарлтон кој беше дел од репрезентацијата на Гордиот Албион која триумфира на Мундијалот во 1966 година. На Чарлтон пред една година му беше дијагностициран лимфом, а освен тоа боледуваше и од деменција.

Репрезентација на Англија на СП 1966 година/фото: твитер

Тој заедно со неговиот исто така славен брат Боби Чарлтон беше дел од англиската репрезентација која триумфира на СП, додека за екипата на Лидс во која ја помина целата своја кариера имаше повеќе од 600 настапи.

По успешната фудбалска кариера, Чарлтон работеше и како тренер. Ги предводеше Мидлсброу, Шефилд венздеј и Њукасл, а 10 години беше и селектор на република Ирска Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот