Англија со седумка ја завери визата за ЕП 2020
На „Гордиот Албион“ му беше потребен само еден бод од дуелот со Црна Гора, но тие одлучија визата континенталниот собир да ја заверат со стил. Англија со 7:0 ја прегази Црна Гора, а интересно е што ова беше за нив и 1.000. наптревар во историјата. Хари Кејн постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа уште и Окслејд-Чембрлен, Рашфорд, Абрахам и Софранац си даде автогол.
Репрезентацијата на Чешка е втората селекција од Групата А која ќе оди на ЕП откако одигра 2:2 против најпријатно изненадување во квлаификациите, Косово.
Во Групата Б, Португалија и Србија остварија победи и во последното коло ќе одлучат кој ќе игра на ЕП. Во подобра позиција е Португалија која денеска со 6:0 ја прегази Литванија, бидејќи му гостуваат на аутсајдерот Луксембург, додека Србија игра дома со Украина.
Група А
Чешка – Косово 2:1
Англија – Црна Гора 6:0
Група Б
Португалија – Литванија 6:0
Србија – Луксембург 3:2
Група Х
Турција – Исланд 0:0
Франција – Молдавија 2:1
Албанија – Андора 2:2