Англија пресилна за македонските фудбалерки во квалификациите за СП

Нови репрезентативни обврски за нашите најдобри фудбалерки во европските квалификации за СП 2023/Фото: ФФМ

Денеска во првиот натпревар од групата „Д“ во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023, најдобрата женска македонска репрезентација загуби со убедливи 8:0 на гостински терен од Англија.

Во првото полувреме на теренот во Саумтептон Тун во 12 минута ја започна гол серијата, Вајт зголеми на 2:0 во 42 минута, а непосредно пред паузата својата сопствена мрежа ја погоди Зивиќ (45`).

Вајт стигна и до вториот погодок во 67 минута, во 77 минута стрелаше Ингланд за 5:0, 120 секунди подоцна автогол си постигна Коларовска.

Ингланд по вторпат се запиша во листата на стрелците во 90 минута, а конечниот епилог го постави Мид (90+1`).

За Македонија настапија Андонова, С. Дервиши, Коларовска, Максути (Димоска 90+1`), Марковска (Р. Дервиши 46`), Мустафа (Милеска 86`), Николовска, Положани, Рочи, Салихи (Петрушевска 78`), Зивиќ.

Во другите два меча од групата Австрија триумфираше кај Летонија со 1:8, а Северна Ирска дома триумфираше против Луксембург (4:0). Австријките се нашиот следен ривал на 21 септември на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот