Англија на врвот – топ 10 најскапи фудбалски репрезентации на Мундијалот

фото: EPA-EFE/Neil Hall

Угледниот „Трансфермаркт“ објави листа на најскапи фудбалски репрезентации во светот, а од ТОП 10 само една нема да учествува на Светското првенство во Катар, Италија, која беше елиминирана од македонската репрезентација во плеј-офот.

Само две фудбалски репрезентации вредат повеќе од 1 милијарда евра, тие се Англија (1,36 милијарда евра) и Бразил (1,09 милијарда евра).

Кои се највредните фудбалски тимови на 22. издание на Светското првенство во фудбал? Погледнете во продолжение:

Англија – 1,36 милијарда евра
Бразил – 1,09 милијарда евра
Франција – 886 милиони евра
Португалија – 882 милиони евра
Шпанија – 805 милиони евра
Германија – 746,50 милиони евра
Аргентина – 608 милиони евра
Белгија – 554 милиони евра
Холандија – 472,75 милиони евра
Уругвај – 395,40 милиони евра

Што се однесува до пазарната вредност на играчите, листата ја предводи Французинот Килијан Мбапе чија вредност изнесува вртоглави 160 милиони евра.

Поголема вредност од играчот на ПСЖ според „Трансфермаркт“ има само фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд (170 милиони евра), но неговата норвешка репрезентација не е дел од СП 2022.

Конечниот список на Бразил за Мундијалот: Жезус оди во Катар, без Фирмино и Кутињо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот