Англија и Холандија во борба за финале на ЕП – Шпанците го чекаат својот ривал

фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Фудбалските репрезентации на Англија и Холандија денеска од 21.00 часот ќе играат во второто полуфинале на Европското првенство. Победникот од овој меч во големото финале ќе игра против селекцијата на Шпанија која во вторникот со 2:0 триумфираше над Франција.

Англичаните ја забележаа единствената победа за 90 минути против Србија во првото коло од групната фаза. После тоа четири пати ремизираа, со само три постигнати гола во регуларниот дел од тие натпревари.

Поведоа против Данска, но на крајот мораа да се грижат за еден бод, додека против Словенија го одиграа веројатно најслабиот натпревар на турнирот. Срамна елиминација спречи Џуд Белингем во осминафиналето со мајсторски погодок кој ја разби Словачка, а најзаслужни за триумфот на средбата со Швајцарија во четвртфиналето беа Букајо Сака и Џордан Пикфорд.

И покрај победата по поразот против Полска во првиот меч, Холандија не го покажа нивото на игра како што очекуваа нивните навивачи. Ремито со Франција, пак, се сметаше за позитивен резултат, но поразот од Австрија донесе големи критики.

Сепак, веќе во осминафиналето против Романија, Холанѓаните го одиграа најдобриот натпревар на турнирот и рутински минаа меѓу најдобрите осум селекции, каде што по нов пресврт и многу возбудувања ја исфрлија Турција.

Англискиот селектор Герет Саутгејт изјави дека Холандија е најдобриот ривал на турнирот досега:

– Нема сомнеж дека Холандија е поквалитетна од другите селекции со кои игравме досега. Затоа ќе имаме помал простор за грешка. Го играме третото полуфинале на големо натпреварување и ни треба таа постојаност со цел да направиме чекор понатаму и да стигнеме до трофејот – рече Саутгејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот