Англија го укинува тестирањето за оние патници кои се вакцинирани

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Патниците од странство кои патуваат во Англија повеќе нема да мора да се тестираат за коронавирус доколку се целосно вакцинирани, јавува Би-Би-Си.

Промените стапуваат на сила во 4 часот наутро на 11 февруари, а информацијата ја потврди тамошниот министер за транспорт Грант Шапс.

Ублажени се и мерките за невакцинираните патници – ќе им треба само тест пред патувањето и тест после два дена во земјата.

Шапс исто така вели дека секој што пристигнува во Англија, без оглед на статусот на вакцинација, мора да го пополни формуларот достапен на официјалната веб-страница.

Шкотска, Велс и Северна Ирска ја следеа Англија во претходните измени на мерките, а нивната одлука сè уште се чека.

Овој потег е поздравен од туристичкиот сектор, еден од секторите најмногу погодени од мерките за коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот