Англичаните во неверица, цела Шкотска навива за Италија, им се придружија и Велшаните

принтскрин/@SCOTNATIONAL / TWITTER

Селекциите на Италија и на Англија вечерва од 21 часот на „Вембли“ во Лондон играат во финалето на Евро 2020, а фудбалската еуфорија владее и во останатите држави низ Европа но и на територијата на Велика Британија.

Една ид државите владее еуфорија е и Шкотска низ историјата има повеќе проблематични години поминати дури и во војна со Англија, а во 2014 година за малку ќе се одвоеја од Велика Британија но не помина рефендумот.

Шкотланѓаните и на спортските борилишта ја користат секоја можност за да му покажат на светот што мислат за Англија. Навивачката химна се вика „Flower od Scotland“ со која им оддаваат почит на хероите кои предводени од Роберт Брус во 1314 година ги победија Англичаните во битката кај Банокбурн.

 

Сега кога Англија игра во финалето на Евро 2020, шкотските медиуми јасно кажаа за кого ќе навиваат. Весникот „Национал“ на насловната страница објави фотографија од селекторот на Италија, Роберто Манчини кој е прикажан како славниот шкотски херој Вилијам Волас.
Спаси не Роберто, ти си нашата ПОСЛЕДНА ШАНСА (Не можеше да трпиме уште 55 години да зборуваат за ова)“ пишува „Национал“.
Насловната страница на „Национал“ ги шокира Англичаните кои се во неверица, а веднаш потоа доживеаја уште еден шок.
Имено, навивачите на најголемиот клуб во Велс, Кардиф, ќе навиваат за Италија во вечерашното финале. Тоа го покажаа на вчерашниот пријателски натпревар на нивниот клуб кога ја одработија популарната англиска песна „ It’s coming home “ (фудбалот се враќа дома) во „ Football’s going Rome“ (фудбалот оди во Рим).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот