Англичаните повеќе го сакаат Ливерпул од Сити - Слободен печат
СпортФудбал

Англичаните повеќе го сакаат Ливерпул од Сити

Манчестер сити и Ливерпул водат „мртва трка“ за шампионската титула, а навивачите повеќе сакаат на крајот да триумфираат „црвените“.

Драматичната завршница во Премиер лигата за освојување на титулата, се очекува да трае сè до последното коло. Манчестер сити е бранител на трофејот и има 86 бодови, два бода помалку и еден натпревар помалку од Ливерпул, кој последен пат ја освои титулата во 1990 година.

Неколку англиски обложувалници направија анкета помеѓу навивачите на сите 20 премиерлигаши. Прашањето беше кој тим сакаат да ја освои титулата, а резултатите се доста интересни. Поголем дел од навивачите ширум Англија, поточно навивачи на 14 екипи се на страната на Ливерпул, но најголемите ривали на „црвените“, Манчестер јунајтед, навиваат за градскиот ривал. Идентично размислуваат и фановите на Евертон, додека навивачите на Барнли, кој се наоѓа помеѓу Ливерпул и Манчестер, се неодлучни.

Резултати од анкета:

Навивачи на Ливерпул: Ливерпул 100% – 0% Манчестер сити
Манчестер сити: Ливерпул 0% – 100% Манчестер сити
Тотенхем: Ливерпул 53% – 47% Манчестер сити
Арсенал: Ливерпул 53% – 47% Манчестер сити
Челси: Ливерпул 47% – 53% Манчестер сити
Манчестер јунајтед: Ливерпул 36% – 64% Манчестер сити
Евертон: Ливерпул 33% – 67% Манчестер сити
Ватфорд: Ливерпул 56% – 44% Манчестер сити
Лестер: Ливерпул 60% – 40% Манчестер сити
Вулверхемптон: Ливерпул 72% – 28% Манчестер сити
Вест Хем: Ливерпул 71% – 29% Манчестер сити
Кристал Палас: Ливерпул 62% – 38% Манчестер сити
Њукасл: Ливерпул 64% – 36% Манчестер сити
Борнмут: Ливерпул 72% – 28% Манчестер сити
Барнли: Ливерпул 50% – 50% Манчестер сити
Саутемптон: Ливерпул 48% – 52% Манчестер сити
Брајтон: Ливерпул 52% – 48% Манчестер сити
Кардиф: Ливерпул 59% – 41% Манчестер сити
Фулам: Ливерпул 73% – 27% Манчестер сити
Хадерсфилд: Ливерпул 75% – 25% Манчестер сити

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close