Англичаните поради Евро 2021 ги враќаат гледачите на трибините?!
Премиерот на Англија, Борис Џонсон, денеска потврди дека навивачите ќе се вратат на трибините од 17. мај оваа година.
Премиерот денеска го претстави планот на ублажување на мерките во четири чекори, а во третата фаза предвидено е спортските настани да бидат отворени за навивачите.
Таа фаза би требало да започне на 17. мај, а интересно е што последното коло во Премиер лигата треба да се игра на 23. мај. На стадионите чиј капацитет е поголем од 40.000 седишта, ќе биде дозволено присуство до 10.000 навивачи на трибините, додека на помалите стадиони и објекти ќе биде дозволено трибините да бидат исполнети највеќе до 25 провенти од капацитетите.
Интересно е што денешното презентирање на планот за ублажување на мерките, англиските медиуми тврдат дека Владата на Борис Џонсон и предложила на УЕФА сама да го организира Европското првенство (11. јуни-11. јули) и тоа со навивачи на трибините.
Според актуелниот план на УЕФА, ЕП треба да се игра во 12 градови, а Англија ќе биде домаќин на дури седум натпревари, од кои двете полуфинални пресметки и големото финале кое ќе се игра на Вембли.
Освен ЕП, уште еден голем настан може да се игра пред гледачи, тоа е Вимблдон чиј старт е закажан за 28. јуни.